Граѓаните во Собранието

 

Проект „Граѓаните во Собранието: законодавни иницијативи за човекови права“има за цел да стимулира вклучување на граѓаните и граѓанските организации во процесот на донесување закони, како резултат на низа обуки и активности за делотворна соработка меѓу граѓанскиот сектор и Собранието.

Овој проект е финансиран од Европската Унија, а кофинансиран од Вестминстер фондација за демократија.

На 26.04.2016 во ЕУ инфо центарот во Скопје од страна на Вестминстер фондација за демократија и Високата школа за новинарство и односи со јавност беше организиран јавен настан за отварање на проектот: “Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права”, на кој беа претставени 11 грантисти со своите иницијативи за промена на постоечки закони од областа на здравствена заштита, социјална заштита, медиуми, судство, дискриминација и образование. Здруженијата пред присутните ги презентираа проблемите кои се таргетираат и предлог решенијата за кои ќе се залагаат во наредниот период .

 

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА ја претстави иницијативата “Политика за социјална инклузија на лицата со попреченост и нивните семејства”.

[maxbutton id=”6″ url=”https://inkluziva.mk/%d0%b0%d0%ba%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%93%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%be%d0%b1/” text=”Активности од проект ” ]