Истражувачки активности

Истражувачки активности- Проект Граѓаните во собранието

За да се добие реална слика со какви тешкотии се соочуваат лицата со попреченост и нивните семејства во однос на користење на социјалната и здравствената заштита во Република Македонија, беа спроведени неколку методи на истражувања, и тоа: деск- истражување (законски регулативи, стратегии и др. документи), квантитативно истражување (анкетен прашалник) и квалитативно истражување (интервјуа и фокус-групи).Целиот процес беше реализиран  под менторство на предавачи од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и на Вестминистер фондацијата за демократија.

Во анкетниот прашалник беа вклучени 139 лица со попреченост, со 116 родители на деца/лица со попреченост беа спроведени фокус-групи, интервјуа со 9 експерти од областа, 2 претставници од Министерството за труд и социјална политика, 2 претставници од Фондот за здравствено осигурување, 1 претставник од Министерството за здравство, 2 претставници од Институтот за дефектологија, 8 претставници од Комисијата за заштита од дискриминација и претставници на 22 здруженија залица со попреченост.

Истражувањето имаше географски опфат во сите (8) региони во Република Македонија (североисточен, полошки, пелагониски, вардарски, скопски, југоисточен, југозападен и источен) во општините Тетово, Куманово, Прилеп, Скопје, Штип, Велес, Струмица, Охрид и Кратово.