ИМАШ ПРАВО! БАРАЈ пристап до информации од јавен карактер !

Пристапот до информации и комуникации ги подразбира сите информации од јавен карактер што се наменети за сите граѓани, вклучувајќи ја и секојдневната комуникација со другите луѓе. Информациите за правата и услугите од страна на институциите и општините, лицата со попреченост најчесто не ги добиваат, а и оние што ги добиваат за нив се неразбирливи.

Од овие причини, Лицата со попреченост поради неинформираност најчесто не ги остваруваат своите загарантирани права.

Слободен пристап до информациите од јавен карактер, во нашава земја започна да се применува по донесувањето на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер во  2006 година. Досегашните сознанија на здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА укажуваат  дека граѓаните со попреченост во Република Македонија воопшто не го користат правото на пристап до информации од јавен карактер, поради несоодветни информации,  непристапни објекти и интернет страници.

Ова видео е подготвено со цел да  им даде поддршка на  лицата со попреченост, за да го користат правото на  пристапот до информации од јавен карактер, со што ќе се унапреди нивната вклученост на локално ниво.  Едукативното видео содржи сеопфатни информации за постапката на остварување на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Со вклучување на оваа категорија на граѓани во локалната заедница ќе се зголеми ефикасноста на институциите и општините, но и поквалитетно доставување на услугите за корисниците со попреченост, зголемување на партиципативноста, инклузивно креирање на политики, како и зголемување на довербата на граѓаните со попреченост во институциите и општините.

Ова видео е изработено во рамки на проектот „Јавни информации достапни за лицата со попреченост“, грант доделен на Инклузива-Inkluziva во рамки на проектот #ACTIONSEE – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа.

Содржината на ова видео не го одразува официјалното мислење на Европската унија. Одговорноста за информациите и ставовите изразени во него е целосно на Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.

The reCAPTCHA verification period has expired. Please reload the page.