Објавен извештајот за пристапност на веб страните на општините во Источниот регион

Во рамки на проектот Пристапни и достапни- Јавни информации и услуги, Инклузива го објави извештајот спроведен од истражувањето на пристапност аво 11 општини во Источниот регион на земјата.

Информација од јавен карактер е информација во која било форма која ја создал и со која располага имателот на информацијата (органите на државната власт и други установи и институции утврдени со закон, органите на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, јавните уставнови и служби, јавните претпријатија и правни и физички лица кои вршат јавни овластувања и делноста од јавен интерес утврдени со закон односно со неа располага само имателот на информацијата, согласно со неговите надлежности.И покрај загарантираното право на пристап до информации, лицата со попреченост секојдневно се соочуваат со различни бариери во вид на пристапност и достапност до информации од јавен карактер во локалната заедница: влез и користење на јавните објекти, јавниот превоз, користењето на услуги, пристап до веб-содржини на општинските веб-страници и слично.
Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА во 2017та година го спроведе проектот “Достапни јавни информации за лица со попреченост” со цел на лицата со попреченост да им се овозможи да го практикуваат загарантираното право на пристап до информации од јавен карактер во локалната заедница, преку пристапни и достапни веб-страници на општините во Северо-источниот дел на Македонија.
Во рамките на проектот беа прилагодени веб-страниците на општините Куманово, Крива Паланка и Кратово со што се овозможи поголема информираност, пристап и ефикасност во доставување на услугите до корисниците со попреченост, зголемување на учеството, инклузивно креирање на политики на локално ниво, како и зголемување на довербата на граѓаните со попреченост во институциите.
Овој документ е подготвен во рамки на проектот “Пристапни и достапни- Јавни информации и услуги” кој ги проширува и дополнува активностите во 11 општини во Источниот дел на Македонија, а со цел да се добие основен увид во тоа како лицата со попреченост пристапуваат до веб-страниците и како може да им се олесни навигацијата, пребарувањето и прелистувањето на истите. Документот ги содржи упатства и препораките за адаптација на техничките и содржинските аспекти на веб-страниците на секоја од 11те општини во овој регион.
Од тие причини, овој извештај ќе ги опише различните аспекти и алатки за оценување на веб-пристапноста. Дополнително, овој извештај ги детализира пристапните аспекти на веб-страниците на локалните општини во Источниот регион во Република Македонија (Виница, Штип, Делчево, Берово, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип и Чешино-Облешино).

Целиот извештај може да се прочита на овој линк

Публикацијата е подготвена со поддршка на Европската Унија. Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива и на ниту еден начин не ги одразува гледиштата на Европската Унија.
Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Please follow and like us:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *