Петиција

Од 22 до 28 Април 2017 година Здружението ИНКЛУЗИВА воКуманово покрена иницијатива за собирање на потписи  ЗА: Промена на Законот за здравствена заштита и осигурување со која ќе се укине возрасната граница (од 18 години) за ослободување од партиципација при набавка ортопедски помагала за лица со попреченост и укинување на возрасната граница ( од 26 години) за ослободување од партиципација при набавка на лекови и промена на Законот за социјална заштита со која ќе се овозможи изедначување на правата на згрижувачките и биолошките семејства на лица со попреченост. Покренување на расправа во Собрание, зголемена свест за ова проблематика кај политичари, медиуми, институции, НВО, меѓународни фактори, експерти, општа јавност, воспоставени соработки, партнерства.

Петицијата се спроведуваше со Главна ПОРАКА до институциите, дека  со измената на Закон за здравствена заштита и здравствено осигурување и Законот за социјална заштита, ќе покажат дека работат во интерес на создавање еднакви можности за сите граѓани, обезбедувајќи им достоинствен и квалитетен живот и нивна инклузија во општеството.