Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА е доброволно,
непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно
здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите
интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници,
како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните
вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економкси развој во на територијата
на Македонија и пошироко. Здружението е препознатливо на локално,регионално и
национално ниво како лидер во застапување и поддршка на лицата со попреченост и
другите ранливи групи во остварување на нивните човековите права ,вклученост во
општеството, недискриминација,економска, социјална, здравствена и правна
заштита. Со досегашната работа на програмски активности и имплементација на проекти
поддржани од меѓународни и домашни донатори Инклузива воспостави успешна
соработка и партнерски односи со општини,НВО ,јавни институции и установи, бизнис
заедницата и медиуми на цела територија на РМ.Здружението ИНКЛУЗИВА од октомври
2014 година е членка на мрежата ИРИС МК преку која членува и во регионална мрежа
ИРИС која ги обединува обезбедувачите на социјални услуги во Југоисточна Европа
,Инклузива е членка и еден од основачите на засега неформалната платформа за
соработка со бизнис заедницата. Инклуизва е единствената непрофитната организација
во Македонија сертифицирана со ISO 2015: 90001 сертификат за квалитет на своите
услуги.
Please follow and like us: