ISO 9001:2015

Од Ноември 2016 Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива започна даработи по Стандардот ISO 9001:2015

ISO 9001:2015 е стандард односно систем за обезбедување на квалитет и  е добро познат светски концепт за јакнење на организациските  капацитети, со цел препознавање и задоволување  на потребите на различните засегнати страни.

Искуството покажува дека системот за обезбедување на квалитет има повеќе предности за граѓанскиот сектор во целина.

– Подобар кредибилитет и јавна слика,

– Поголема доверба на различни засегнати страни (донатори, креатори на политики…)

кон организациите на граѓанското општество,

– Зголемување на мотивацијата на донаторите да инвестираат во овој сектор,

– Препознавањето на слаби страни и можност за јакнење на капацитетите за надминување на истите

– Јасна дефинирањер  на својата мисија, дејности и корисници,

– Јасно дефинирана структура за управување и односи помеѓу различни органи,

– Препознавање на потребите на корисниците и креирање на соодветни квалитетни услуги

–  Зголемена ефикасност со вклучување на континуирана евалуација и подобрување,

– Унапредување  на меѓучовечки односи и комуникации на ниво на организација,

– Признаеност,препознатливост, поддршка и доверба од локалната заедница,

Корисниците  и донаторите,

– Подобрување на финансиската одржливост.