Работилница за членките на ИРС-МК мрежата за поставување на визија,мисија,стратешко делување на мрежата.
Тркалезени маси во Куманово и Тетово во рамки на проектот Подобрување на
квалитетот на социјалните услуги на граѓанските организации во Југоисточна
Европа, кои ги организираше Ирис мк мрежата и ИНКЛУЗИВА.
На темата „Повеќе сервиси на локално ниво“,се расправаше за квалитетот на
социјалните услуги.
-Целта на настаните беше да се направи реална слика колку граѓанските
организации во Македонија се сфатени сериозно, колку тие се рамо до рамо со
општините на локално ниво што е многу моќен фактор, колку граѓанските
организации во нашата држава и регионот имаат можност да бидат еден вид
коректив или пак да даваат свои сугестии и мислења, дали станува збор за
општините или за инситуциите на централно ниво, во однос на креирање на
различни политики кои би го подобриле квалитетот на вршењето на
социјалните услуги. Меморандум за соработка со МТСП
Неформалната ,,ИРИС МК” мрежа за унапредување на социјалните услуги во
Македонија и МТСП потпишаа Меморандум за соработка.
Со овој Меморандум се воспоставува и унапредува соработката помеѓу
Министерството за труд и социјална плитика и Неформална ИРИС МК, мрежа
за унапредување на социјалните услуги во Македонија, со цел преземање на
заеднички активности за унапредување на социјалната заштита и подобрување
на социјалните услуги во Република Македонија.