Коалиција за медиумска писменост

ПРОМОЦИЈА НА Коалицијата за медиумска писменост.
Коалицијата на медиумска писменост ја сочинуваат осум граѓански организации и осум медиуми кои преку заеднички иницијативи реализираат активности за промоција и унапредување на медиумската писменост. Коалицијата е основана во ноември 2016-та кога преку јавен повик се избраа осумте членови врз основа на предложените активности за едукација и промоција на медиумската писменост. Доминираат иницијативи кои вклучуваат продукција на медиумски содржини креирани од и за маргинализираните групи граѓани, едукација на младите за критичка перцепција на информациите и вештини за препознавање манипулација и лага, но и практикување професионални новинарски стандарди. Тие тоа ќе го прават преку медиумска продукција, настани, кампањи, обуки за пристап, користење и креирање онлајн содржини кои ќе имаат крајна цел – поттикнување на активно граѓанство и учество на граѓаните во јавната сфера преку користење на медиумите. Крајната цел на основањето на Коалицијата е да се поврзат граѓанските организации и медиумите заеднички да ја едуцираат јавноста како да се справи со мноштвото информации и вести, но и да ги поттикне граѓаните сами да креираат содржини употребувајќи ги медиумите како алатка за артикулирање на своите интереси и активно да учествуваат во јавната сфера.

Активности