Обука за застапување

На 09 и 10 февруари 2017  Претставниците на Инклузива поминаа низ обука за застапување на законските измени. На оваа обука претставниците на здруженијата стекнаа вештини за подготовка на План за застапување и комуникација.

Во март 2017 во Охрид новинарите и граѓанските организации градевме партнерски однос со цел подобро запознавање на јавноста со измените во законите за кои се залагаме. Здружението Инклузива пред новинарите ги презентираше недостатоците во Законот заздравствена заштита и осигурување и Законот засоцијална заштита со примериод вистински животни приказни на лицата со попреченост и нивните семејства.