Проектни Активности
Обуки за лица со попреченост
Во рамките на проектот реализирани се 9 обуки со 201 лице со попреченост во
североисточен регион (Старо Нагоричане, Куманово, Кратово и Крива Паланка)
и полошки регион (Тетово и Гостивар).
Опфатени теми: како лицата со попреченост да учествуваат во политичкиот и
изборниот процес, на кој начин да учествуваат на избори, Конвенција на
Обединети Нации за правата на лицата со попреченост и член 29, правото на
глас и начин на остварување.
Јавни дебати
Во април и мај 2017 година организирани се три јавни дебати во Куманово,
Старо Нагоричане и Тетово, учесници на овие настани беа претставници на
локални самоуправи, јавни институции, невладини организации кои ги
застапуваат правата на лицата со попречност како и преставници од општински
изборни комисија и регионални канцеларии на Народен правобранител. Целта
на овие настани е да се воспостави поголема соработка со сите засегнати
страни за да се подобри состојбата за Учество на лицата со попреченост во
политичкиот и изборниот процес во Македонија. Заклучоците од настаните ќе
бидат вметнати во извештајот од теренското истражување.