Проект Инклузија преку медиуми

Носител на проектот: Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА Медиумски партнер: ТРД Телевизија Плус ДОО Куманово ИНКЛУЗИЈА ПРЕКУ МЕДИУМИ

Главна цел на проектот ,, Инклузија преку медиуми“ е да се зголеми учеството на лицата со попреченост во локалната заедница со подобрување на нивните вештини за медиумска писменост преку обуки во инклузивни групи и директно учество во серијал на емисии на различни значајни теми. Проектот ќе работи во насока на зголемување на видливоста на лицата со попреченост преку збогатување на понудата на медиумски содржини за интересите, можностите, но и предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост во општеството. Намалување на стигматизацијата и предрасудите за лицата со попреченост и подигање на јавната свест за нивните можности преку промовирање на инклузивни примери. Исто така, целта на проектот е јакнење на вештините на лицата со попреченост преку обуки за пристап и разбирање на медиумските содржини, критичка перцепција на информациите пласирани од страна на медиумите, како и вештини за употреба на медиумите како алатка за споделување на идеи и ставови.

 

Овoj Проект се имплементира со помош на грант доделен преку проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија.

[maxbutton id=”11″ url=”https://www.youtube.com/watch?v=GjXkq8ESLWI” text=”Видео од обука” ]