Од 28-31 октомври 2014 година во хотел Метропол во Охрид беше одржана
работилница со здруженија на граѓани од Македонија и Албанија кои се
даватели на социјални услуги. На оваа средба учесниците од граѓанскиот
сектор одблизу се запознаа со регионалната ИРИС мрежа, активностите на
мрежата како и сутуацијата во Македонија во делот на социјални услуги. Исто
така на оваа средба се иницира и основањето на неформална ИРИС мрежа во
Македонија.
ИРИС МК мрежата за подобрување на социјалните услуги е неформална
мрежа која членуваат граѓански организации од Македонија. ИРИС МК
мрежата е дел од регионална ИРИС мрежа, вклучувајќи и граѓански
организации од Југоисточна Европа.
Визија:
ИРИС МК е лидер во испорака и создавање на иновативни и квалитетни
социјални услуги во Македонија. На 29.12.2014 година се потпиша одлуката и Меморандумот за основање на
ИРИС-МК мрежата и граѓанските организации. Координатор на ИРИС-МК
мрежата активности е Здружението на студенти и младинци со хендикеп од
Скопје. Официјална членка на ИРИС-МК мрежата е и здружението за
промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА.
[maxbutton id=”11″ url=”https://inkluziva.mk/?page_id=465&preview=true” ]