Платформа за соработка на граѓански организации со бизнис сектор

Од Мај 2016  година, здружението Инклузива членува во Платформа за соработка на граѓански организации со бизнис сектор.

Платформата е  формирана на инцијатива на Фондацијата Албиз, обединува вкупно 38 граѓански организации од скопскиот, северозападниот, североисточниот и југозападниот регион во Македонија. Одговорност на Платформата ќе биде координација на активностите, директно спроведување и менаџирање со одредени активности и следење на напредокот во спроведувањето на стратегијата и предлагање и преземање корективни мерки, доколку за тоа се јави потреба.

Визија: „Платформата се стреми кон создавање на општество со одржлив граѓански сектор и општествено одговорни компании во којшто граѓанските организации заедно со бизнис секторот, преку однос на доверба и взаемна соработка, на иновативен начин ќе остварат позитивни општествени промени во Македонија и пошироко.“

Мисија: унапредување и зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации и бизнис секторот. Платформата се стреми да постигне разновидност на ресурсите на своите членки и да ја зголеми општествената одговорност на компаниите. Ова ќе го постигнуваме преку вмрежување, зајакнување на капацитетите на ГО и бизнис секторот, застапување, промоција и заеднички иницијативи за подобрување на благосостојбата на граѓаните во Македонија и во регионот.“