Проект: МЕНТОРСКА ПРОГРАМА ЗА Воведување на ISO стандарди во системот за управување со Граѓански Организации
Главна цел: “Подобрување на обезбедувањето на испорака на социјални услуги во Југоисточна Европа преку зајакнување на националните и регионалните мрежи на граѓанските организаци.
Во април 2016 година Здружението Инклузива доби грант за шест месечна менторска поддршка од SGS за подготовка на документација за ИСО сертификација.
По успешна реализација на сите предвидени активности и извршената контрола на документацијата во ноември 2016 Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива започна даработи по Стандардот ISO 9001:2015
ISO 9001:2015 е стандард односно систем за обезбедување на квалитет и е добро познат светски концепт за јакнење на организациските капацитети, со цел препознавање и задоволување на потребите на различните засегнати страни.
Искуството покажува дека системот за обезбедување на квалитет има повеќе предности за граѓанскиот сектор во целина.
– Подобар кредибилитет и јавна слика,
– Поголема доверба на различни засегнати страни (донатори, креатори на политики…)
кон организациите на граѓанското општество,
– Зголемување на мотивацијата на донаторите да инвестираат во овој сектор,
– Препознавањето на слаби страни и можност за јакнење на капацитетите за надминување на истите
– Јасна дефинирањер на својата мисија, дејности и корисници,
– Јасно дефинирана структура за управување и односи помеѓу различни органи,
– Препознавање на потребите на корисниците и креирање на соодветни квалитетни услуги
– Зголемена ефикасност со вклучување на континуирана евалуација и подобрување,
– Унапредување на меѓучовечки односи и комуникации на ниво на организација,
– Признаеност,препознатливост, поддршка и доверба од локалната заедница,
Корисниците и донаторите,
– Подобрување на финансиската одржливост.