Работилници

Работилници за мотивација и само-застапување
Во рамките на Инфо точка Скопје, на 30.06.2017 се оддржа работилница за мотивација и само-застапување на која говорник ни беше Александар Матовски-Цако. Александар Матовски е роден на 03 февруари 1991 во Скопје, Македонија, како второ дете во семејството Матовски. На 3-месечна возраст му е дијагностициран Даун синдром. Но и покрај неговата попреченост, Цако е успешен млад човек, апсолвент на Педагошкиот Факултет во Скопје, поет, танчер, водител и автор на радио емисијата Јас сум Цако, мотиватор и борец за правата на лицата со попреченост. Целата биографија можете да ја прочитате ТУКА.