Учество на лицата со попреченост во изборниот и политичкиот процес во Македонија
Главна цел на овој проект е овозможување на лицата со попреченост да гласаат на ист начин како и другите луѓе, да го остварат ова право самостојно и директно да учествуваат во политичкиот живот.
Цел 1: Информирање на најмалку 200 лица со попреченост од Североисточниот и Полошки регион за изборниот процес и начинот на кој можат да го остварат правото на глас.
Цел 2: Да се утврди сегашната состојба на избирачките места во 5 општини во однос на пристапноста за лицата со попреченост и да се информираат релевантните институции (политичките партии, општинските власти, невладини организации и претставници од Државната изборна комисија), каде и како лица со попреченост имаат ограничен пристап до гласачките места.
Цел 3: Да се достави иницијатива до надлежните институции (општински власти, претставници од Државната изборна комисија, претставници од Парламентот) која ќе преложи начини за овозможување на инклузивна средина каде што лицата со попреченост ќе можат да го остварат правото на глас и да учествуваат во политичкиот живот.
Правото на глас е основно човеково право. Согласно интернационалните норми и стандарди, лицата со попреченост треба да бидат еднакви граѓани во општеството. Лицата со попреченост треба да гласаат самостојно, без влијание од други и активно да учествуваат во политичкиот и изборниот процес.
[maxbutton id=”11″ url=”https://inkluziva.mk/?page_id=545&preview=true” ]
[maxbutton id=”6″ url=”https://inkluziva.mk/wp-content/uploads/2017/07/pdfresizer.com-pdf-resize.pdf” text=”Прирачник” ]
[maxbutton id=”6″ url=”https://www.youtube.com/watch?v=_8Ge6a0JJ0Q” text=”Видео” ]