Инфо точка

Во рамките на организацијата Инклузива, функционираат две инфо точки лоцирани во Скопје и Куманово кои служат како поддршка за лицата со попреченост во остварување на нивните права во следните области: образование, вработување, социјална помош, здравствена заштита, заштита од дискриминација и граѓанска вклученост. Инфо точките имаат обучен координатор за пристап и комуникација со лицата со различен тип на попреченост. Во рамките на инфо точките се организираат следните активности:
– Обуки за Стратегии за барање на работа
– Обуки за Комуникациски вештини
– Работилници за мотивација и само-застапување
– Информативни работилници за правата на лицата со попреченост согласно Конвенцијата на Обединетите нации
– Креативни работилници
– Неформални средби на инклузивни групи на лица со и без попреченост
Доколку сакате да учествувате на некоја активност, пријавете се на inkluizva@gmail.com со наведување на следните информации: име и презиме, возраст, активност во која сакате да учествувате, телефон и емаил за контакт.
[maxbutton id=”1″]