Опис

Визија: Општество во кое се почитува различноста на секој граѓанин.
Мисија: Создавање на услови за инклузивно општество преку активности и проекти
со кои ќе се влијае лицата со попреченост и други ранливи групи да имаат еднакви
можности за остварување и почитување на нивните човекови права.
Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА е доброволно,
непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно
здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите
интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници,како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралнитевредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економкси развој во на територијатана Македонија и пошироко. Здружението е препознатливо на локално,регионално инационално ниво како лидер во застапување и поддршка на лицата со попреченост идругите ранливи групи во остварување на нивните човековите права ,вклученост воопштеството, недискриминација,економска, социјална,здравствена и правна заштита. Со досегашната работа на програмски активности и имплементација на проекти поддржани од меѓународни и домашни донатори Инклузива воспостави успешна соработка и партнерски односи со општини,НВО ,јавни институции и установи, бизнис заедницата и медиуми на цела територија на РМ.Здружението ИНКЛУЗИВА од октомври 2014 година е членка на мрежата ИРИС МК преку која членува и во регионална мрежа ИРИС која ги обединува обезбедувачите на социјални услуги во Југоисточна Европа,Инклузива е членка и еден од основачите на засега неформалната платформа за соработка со бизнис заедницата. Инклуизва е единствената непрофитната организација во Македонија сертифицирана со ISO 2015: 90001 сертификат за квалитет на своите услуги.
Основни цели и задачи на Здружението се:
Почитување на човековите права на лицата со попреченост и други ранливите групи
Вклученост во општеството и секојдневниот живот
Недискриминација на лицата со попреченост и други ранливи групи
Поттикнување на лицата со попреченост и други ранливи групи да се потпираат на
сопствените сили и способности
Независност и самостојност на лицата со попреченост и на ранливите групи
Економска, социјална и правна заштита
Социјална правда и социјална сигурност
Дејствување и работа на заштита на лицата со попреченост и на други ранливи групи,
нивна рехабилитација, образование, вработување и интегрирање во заедницата
Организација на културно забавни активности
Покренување на иницијативи за навремено информирање на лицата со попреченост и други ранливи групи за настани и случувања од сите области од интерес
Соработка со сите хуманитарни организации
Покренување на граѓански иницијативи за измени и дополнување на постојните законски прописи и донесување на закони со цел да се подобри квалитетот на заштита на лицата со попреченост и другите ранливи групи
Соработка со здруженија и сојузи кои имаат иста или слични цели на делување во
Македонија и надвор од неа
Донесување и следење на цели и активности во рамкиите на својата годишна програма заработа