Панел дискусија

На 15 ноември 2016 во ЕУ Инфо Центар Скопје се оддржа панел дискусија на тема „Граѓански иницијативи за промена на закони“, каде Инклузива го презентира документот за Јавна политика: СОСТОЈБА И ПРЕДЛОГ- МЕРКИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА ЗДРАВСТВЕНА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА. Овој документ  ги содржи наодите од истражувањето кој го спроведовме во изминатиот период, но и конкретните законски измени за кои ќе се залагаме во  идниот период пред новиот собраниски состав.

Најважната препорака од овој документ е, Владата итно треба да превземе мерки и активности за измени во постоечката законска регулатива од областа на здравствена заштита, со што ќе допринесе лицата со попреченост непречено да користат бесплатна и квалитетна здравствена и социјална заштита без ограничувања по однос на нивната возраст, вид и степен на попреченост како и ограничувања во однос на приходи во семејство.

Во законската регулатива за социјална заштита да  превземе мерки и активности за измени и дополнувања, со кои на биолошките семејства кои имаат член со повисок степен на попреченост ќе им се   овозможи да ги уживаат истите права од областа на социјална заштита како и згрижувачките семејства кои згрижуваат деца/лица со ист степен на попреченост, преку добивање  на статус родител – неговател