ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО ИНКЛУЗИВА утврди дека во Законот за социјална заштита, права на парична помош се предвидени само за згрижувачите на децата/лицата со попреченост, а биолошките семејства не можат да остварат никаква поддршка од страна на државата.
Поради грижата за децата/лицата со попреченост што е единствена задача на родителите и семејството, ограничени им се можностите за засновање работен однос, што ги доведува во социјален ризик и сиромаштија.
Според заклучоците од истражувањето, родителите сметаат дека до сега државата ги игнорираше проблемите во областа на социјална заштита кон биолошките семејства.
РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦАТА/ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ БАРААТ измени и дополнувања на Законот за социјална заштита со што ќе се изедначат правата на биолошките семејства со згрижувачките семејства со воведување статус РОДИТЕЛ НЕГОВАТЕЛ.
ОВА ПРАВО ГО КОРИСТАТ РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦАТА/ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ВО ЦРНА ГОРА И ХРВАТСКА.
Прочитајте повеќе на овој ЛИНК
Истражување на здружение Инклузива…
