Нови измени во Законот за социјална заштита

Со предходните последни измени во Законот за социјална заштита обезбедена е поддршка со додатокот за слепо лице, за лице со 100% телесна попреченост што самостојно користи инвалидска количка или лица со умерени,
тешки и длабоки пречки во интелектуалниот развој што користат инвалидска количка со придружник, се обезбедува додаток за мобилност, а за глуво лице се обезбедува додаток за глувост. Ова право се остварува по навршување 26-годишна возраст, без оглед на тоа дали лицето е работоспособно или не.
ВО ОВОЈ ДЕЛ НА ЗАКОНОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ПОСТОИ ДИСКРИМИНАЦИЈА ПО ОСНОВ НА ВИД НА ПОПРЕЧЕНОСТ.
НА ПРВАТА СРЕДБА КОЈА ЈА ИМАШЕ РАБОТНАТА ГРУПА ВО МТСП ИНФОРМАЦИИТЕ КОИ ГИ ИМА ДОБИЕНО ЗДРУЖЕНИЕТО ИНКЛУЗИВА СЕ ДЕКА ВООПШТО НЕ Е ПОСТАВЕНО ПРАШАЊЕТО: ЗОШТО лицата со умерени, тешки и длабоки пречки во интелектуалниот развој, лицата со комбинирани пречки, со аутизам, Даунов Синдром и сл. не остваруваат никаков личен приход по основ на нивната попреченост, а се работонеспособни и постојано им е потребен придружник.
ОСТАНАТИТЕ ЛИЦА КОИ ГО ДОБИВААТ ОВОЈ ДОДАТОК НЕ СЕ ЗАКОНСКИ УСЛОВЕНИ ПОКРАЈ СВОЈАТА ПОПРЕЧЕНОСТ ДА КОРИСТАТ ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА СО ПРИДРУЖНИК,ИЛИ ДА ЈА ИМААТ И ПОПРЕЧЕНОСТА КОЈА ЈА ИМААТ НАЈТЕШКАТА КАТЕГОРИЈА КОЈА Е ИСКЛУЧЕНА ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ОВА ПРАВО.
НАШЕТО БАРАЊЕ Е ОВИЕ ЛИЦА ВО НАЈМАЛА МЕРА ВЕДНАШ ДА ДОБИЈАТ ДОДАТОК ВО ВИСИНА НА ДОДАТОКОТ ЗА МОБИЛНОСТ.
БИДЕЈЌИ ОВИЕ ЛИЦА И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА ТРЕБА ДА СЕ МОБИЛНИ, А НЕ ДА ЖИВЕАТ ВО МИЗЕРНИ УСЛОВИ И ЗАТВОРЕНИ ВО ЧЕТРИ ЗИДА , ОДНОСНО ОВИЕ ЛУЃЕ СЕ НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО.

Please follow and like us:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *