Проект: Инклузија преку медиуми

Како медиумите да го промовираат инклузивното новинарство со известувања за различности со фокус на теми за права и интереси на лицата со попреченост – беше темата на обуката која се оддржа денес (01Јули 2017 во Куманово). Овој настан е прв од повеќето што следат и беше наменет за вработените во медиумите во рамките на проектот,, Инклузија преку медиуми“ кој го имплементира здружението Инклузива во партнерство со ТВ Плус Куманово.
Обучувач беше познатиот македонски новинар Г-дин Зоран Иванов кој детално ги опфати следниве теми:Новинарството и етички правила, Граѓанско новинарство и интеркултурни комуникации – пристап, теми, целни групи;( граѓанското новинарство и на интеркултурните комуникации, посебно на интерсоцијалните релации во општеството, факти и предрасуди за граѓаните со попреченост, предрасудите на редакциите и новинарите, новинарски пристап, теми, целни групи, институции). Известување за социјалните различности и Тв стории, најави, интернет комуникации – пристап, форма, содржина, интерактвност.( социјалните различности во медиумите, на тв, интернет, методи и алатки за успешна тв приказна, како до тв публика за темите за социјалните различности како и за стереотипите, за инертноста на институциите и улогата на медиумите во хармонизирање на потребите на социјално различните групи и поединци за интернетот и социјалните мрежи како медиуми).
Главна цел на проектот ,, Инклузија преку медиуми“ е преку стекнување на вештини за медиумска писменост на лицата со попреченост и медиумите од Североисточниот регион како и преку подобрување на нивната меѓусебна соработка да се зголеми видливоста за интересите, можностите и предизвиците на оваа категорија на граѓани.
Обуката е организирана со помош на грант доделен преку проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија.

Please follow and like us:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *