Заедно можеме да допринесеме лицата со попреченост да го остварат своето право на глас, односно да гласаат самостојно и под еднакво пристапни услови како и сите граѓани.

„Државната изборна комисија, како одговорна институција за изборите, ја прифати иницијатива на здужението Инклузива и се заложи понатаму да ги имплементира препораките од истражувањето кое го спроведовме во периодот на предвремените парламентарни избори во 2016 година. До сега ОБСЕ и ДИК организираа две работни средби на кои што се вклучија и други невладини организации. На нив дискутиравме како може да се промени ситуацијата во краткиот период пред локалните избори“, приоритет во овој период е даден на активности за детална проверка и проценка на пристапност на избирачките места за лицата со попреченост во РМ. Подготвен е план за составување на 12 тимови за проценка на избирачките места, во кои ќе партиципираат и по еден член од невладиниот сектор меѓу кои и предложените членови од здружението Инклузива. Избирачкото право е едно од загарантираните права и не се однесува само на изборниот процес, туку со ова право се овозможува и активно вклучување на сите граѓани во сите развојните процеси во општеството.

+2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *