Истражувањето на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА покажа дека во досегашните состави на македонското повеќепартиско Собрание, почнувајќи од 1990 година и завршувајќи со актуелниот собраниски состав избран на предвремените парламентарни избори во декември 2016 година, нема ниту еден пратеник со попреченост.
Претпоставките на кои се потпира ограничувањето при остварување на ова човеково право, постојано треба да се преиспитуваат, но ова речиси никогаш не е направено во нашата држава. Дневно-политичките прашања се во фокусот на вниманието на институциите и политичките партии, а за сметка на демократскиот развој и унапредување на човекови права на лицата со попреченост.
Еднакви политички и изборни права, како и поддршка и прифаќање во политичкиот живот за лицата со попреченост е пресудна за нивната потполна партиципација и учество во сите други процес. Повеќе на следниов ЛИНК!
Ќе се проценува пристапот до гласачките места за лицата со попреченост
