Димитровска: Нема демократија без еднакви права за сите!

Благица Димитровска, од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество – Инклузива, на денешната конференција „Слободни избори за слободно општество“ се осврна на проблемите со кои се соочуваат лицата со посебни способности, дискриминацијата на лицата на кои им е одземена деловната способност и неправдата која им е нанесена поради неможноста да го изразат својот став и да гласаат рамноправно како сите граѓанки и граѓани на Македонија.