ИНКЛУЗИВА со свое излагање – Учество на лицата со попреченост во изборниот процес на Kонференција СЛОБОДНИ ИЗБОРИ ЗА СЛОБОДНО ОПШТЕСТВО

ИНКЛУЗИВА со свое излагање – Учество на лицата со попреченост во изборниот процес на Kонференција СЛОБОДНИ ИЗБОРИ ЗА СЛОБОДНО ОПШТЕСТВО
Локални избори 2017: Што претходеше, што треба да се направи, кои се ризиците пред нас?
ЦИВИЛ – Центар за слобода организира конференција под наслов „Слободни избори за слободно општество“, на која поканува експерти, аналитичари и претставници на граѓанското општество да ги презентираат своите наоди и препораки за изборниот процес, особено во тринеделниот период на официјална предизборна кампања. Конференцијата ќе се обиде да даде одговор на прашањето: Што претходеше, што треба да се направи и кои се ризиците пред нас, во контекст на локалните избори во Република Македонија?
Конференцијата ќе се одржи на 25 септември (понеделник), од 11 до 13 часот, во просториите на Клубот на новинарите. Оваа активност е дел од проектот Слободни медиуми за слободно општество, поддржано од Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
На конференцијата се поканети и медиуми, НВО, институции, политички партии и заинтересирани граѓанки и граѓани. Тие ќе имаат можност да поставуваат прашања или коментари со должина до една минута, по излагањата на говорничките и говорниците на Конференцијата.
Потврдени говорнички и говорници: Неговата екселенција Томас Герберих, Амбасадор на Сојузна Република Германија, Крис Хеншо – Директор на Националниот демократски институт (НДИ), Зоран Трајчевски – Директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, проф. Мирјана Најчевска, експертка за човекови права, проф. Осман Кадриу – универзитетски професор, проф. Сашо Орданоски – политички аналитичар, универзитетски професор и член на Експертскиот борд на ЦИВИЛ, Сандра Гавриловска – адвокатка, правна експертка и членка на Експертскиот борд на ЦИВИЛ, Александар Новакоски – адвокат, правен експерт, поранешен претседател на ДИК и член на Експертскиот борд на ЦИВИЛ, Драган Малиновски – адвокат, правен експерт и поранешен претседател на Државна комисија за спречување на корупција, Благица Димитровска – Претседателка на Инклузива – здружение за промоција и развој на инклузивно општество, Џабир Дерала – ЦИВИЛ. Се очекуваат одговорите од уште неколку поканети говорници

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.

The reCAPTCHA verification period has expired. Please reload the page.