Прв пат на овие избори на лицата со оштетен вид ќе им биде почитувано правото на тајност при гласањето.

Во рамки на проектот Политичко учество на лицата со попреченост имплементиран од Инклузива со поддршка на Проектот за граѓанско учество на УСАИД развивме аудио верзија на упатството за гласање за лица со оштетен вид. Упатството е развиено од страна на Државната изборна комисија со кое се даваат насоки за користење на шаблон/папка за гласање на Браево писмо. Инклузива разви аудио верзија на ова упатство, со цел да овозможи пристапност до истото за лицата со оштетен вид. Преку шаблонот за гласање, лицата со оштетен вид на претстојните локални избори ќе можат самостојно да го прочитаат гласачкото ливче и самостојно да гласаат. Прв пат на овие избори на лицата со оштетен вид ќе им биде почитувано правото на тајност при гласањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *