Прирачник за учество на лицата со попреченост во изборниот процес за време на здравствена криза-КОВИД 19

Инклузива објави прирачник за учество на лица со попречености во изборен процес на лесно разбирлив јазик. Прирачникот е подготвен на македонски и албански јазик со цел лицата со попреченост да добијат корисни информации за избирачкиот процес за време на пандемијата – Ковид 19. Се надеваме дека прирачникот ќе им користи во остварувањето на избирачкото право на Парламентарните избори 2020.