О.О.У. Браќа Миладиновци во Куманово денес доби ново пристапно инклузивно игралиште во рамки на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Денеска дадовме пример како можат НВО заеднички со општините, компаниите, институциите и установите да придонесат за инклузија на децата/ лицата со попреченост.

Денес е 3-ти Декември, Mеѓународен ден на лицата со попреченост. Целта на одбележувањето на 3-ти Декември е да се промовира разбирањето за попреченоста, правата на лицата со попреченост и придобивките кои општеството може да ги извлече од вклучувањето на оваа популација во сите области на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот на заедницата.

Овој ден дава можност за интензивирање на активностите за да се постигне целосно учество на лицата со попреченост и еднаков третман на нивните права во општеството. „На лицата со попреченост им е потребна поголема поддршка од заедницата и мора да ја добијат за да ги постигнат истите услови за живот како и другите граѓани. Таа поддршка никогаш не смее да се третира како привилегија, тоа е човеково право “.

О.О.У. Браќа Миладиновци во Куманово денеска доби ново пристапно инклузивно игралиште во рамки на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ со подршка од општествено одговорни компании како Алфи Би, Проспера, Термалифт и општина Куманово.

„Со нашата работа и резултатите кои се насочени кон интеграција и влијание, ние претставуваме значителен потенцијал и даваме голем удел во животот на целата наша општествена и локална заедница. Како здружение кое ги застапува правата на лицата со попреченост, гордо бараме човекови права и еднакви можности и за поединците и за организациите на лицата со попреченост. „Не дозволуваме никој да не маргинализира или дискриминира, да ни го ограничува движењето, да ни ги одзема и намалува правата и да ја потценува нашата работа.”

Усогласувањето на македонското законодавство со модерното европско законодавство, демократизација, политички и економски реформи се императив на нашето време и виза во светот на прогресивците, а општеството и локалната заедница ја имаат целосната поддршка од лицата со попреченост и здруженијата.

„Нашето општество и локалната заедница никогаш не треба да заборават дека ние сме значаен и важен дел, активни и моќни по својот потенцијал и својата сила. Затоа бараме да бидеме почитувани и без нас никогаш да не се носат одлуки. Треба да ни се даде целосна материјална и морална поддршка, а во решавањето на прашањата што не засегаат нашиот збор ќе биде пресуден. Попреченоста на лицата со попреченост не доаѓа од нив, туку од неразбирањето и неподготвеноста на општеството и локалната заедница да ги прифати како дел од своите граѓани, еднакви и вклучени како сите други, еднакви по своето професионално, човечко и морално достоинство. Упатувам порака до сите кои, според Уставот, законите и непишаните човечки норми на нашата традиција и морал, се должни да слушнат: „Да бидеме едни со други, а не едни до други, но сепак невидливи.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ е финансиран од Европската Унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.

The reCAPTCHA verification period has expired. Please reload the page.