Етика и интегритет на изборниот процес за лицата со попреченост

Со цел да се подигне јавната свест за Етика и интегритет на изборниот процес, преку еднакво вклучување на лицата со попреченост, здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, подготви видео. Видеото е подготвено на македонски, албански и англиски јазик, според стандардите за пристапност. Погледајте ги видеата, за да можете да го слушнете препораките од лицата со попреченост, тие можат и сакаат да учествуваат во донесувањето на одлуки, а нивниот придонес е многу важен, во создавањето на услови за инклузивно општество, за сите граѓани.

Со титл на македонски јазик на кликни тука:

Со титл на албански јазик на кликни тука:

Со титл на англиски јазик на кликни тука:  

Текст од видеото:

Вклученоста на лицата со попреченост во политичкиот живот, како и учество во носењето одлуки и политики е директно поврзано со уживање на избирачкото право, недискриминација и други човекови права.

Демократски изборен процес кој ги задоволува критериумите на етичност и интегритет е процес во  кој е обезбедено, лицата со попреченост непречено да учествуваат во организирање на изборен процес, да избираат, да се кандидираат, да набљудуваат и да бидат избрани.

Овие права се втемелени во повеќе  меѓународни документи:

  • Универзалната декларација за човекови права,
  • Меѓународниот пакт за граѓански и политички права,
  • Европската конвенција за човекови права,
  • Повелбата за основните права на Европската Унија и особено  во  Конвенцијата на Обединети Нации за правата на лицата со попреченост.

Бојана-Нашата држава е потписничка на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и има обврска да обезбеди ефективно и целосно да учествуваме во политичкиот и јавниот живот на еднаква основа како и другите.

Христијан-Усогласете ја изборната правна рамка со одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Направете измени во Уставот и другите Закони за да се отстранат основите за дискриминација во смисла на изборно право, односно отстранување на одредбите за одземање на деловната способност на лицата со интелектуална и психосоцијална попреченост.

Анита-Овозможете да гласаат,  избирачи со попреченост кои престојуваат во установи за вонсемејна грижа.

Воведете соодветни квоти за застапеност на лицата со попреченост во изборните органи и на кандидатските листи за парламентарни и локални избори.

Дарко-Обезбедете пристап до објектите, соодветна едукација на изборните органи и гласачите; информации за изборните процеси, процедури за гласање, материјали за обуки и постапки за приговори и жалби во достапни лесно разбирливи формати.

Анита-Собирајте и систематизирајте податоци за политичкото учество на лицата со попреченост на национално и локално ниво.

Обезбедете дополнителна финансиска поддршка за кандидатите со попреченост, за покривање на трошоци при спроведување на изборни кампањи.

Дарко-Направете го политичкиот живот поинклузивен преку изготвување на пристапни политички кампањи и обезбедување достапност до местата за состаноци и настани.

Христијан-Покажете конкретна посветеност да ги охрабрите лицата со попреченост да се кандидираат на избори нудејќи им, места на изборните листи, без дискриминација.

Бојана-Поттикнете ја видливоста и учеството на лицата со попреченост во изборните дебати и емитување на политички програми на медиумите во достапни формати

Препознајте ја суштинската улога на здруженијата кои ги застапуваат правата на лицата со попреченост и воспоставете соработка за успешно совладување на предизвиците во овие процеси.

Со активната вклученост на лицата со попреченост во политичкиот и изборниот процес се придонесува не само кон подобри законски и политички решенија за лицата со пореченост туку се овозможува подобро општество за СИТЕ!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.

The reCAPTCHA verification period has expired. Please reload the page.