На 04 април 2022 година, во општина Гостивар, здружението Инклузива потпиша Меморандум за соработка со Градоначалникот Арбен Таравари.


По завршување на официјалниот состанок, за работата на нашето здружение и целта на потпишување на Мемеорандумот, се реализираше работен состанок, со претставници од локална самоуправа, образовни, социјални и други институции, НВО кои работат на полето на попреченоста и медиумите. Меморандумот го одразува процесот на преземање заеднички активности за унапредување, промовирање и развој на инклузивна заедница, подобар квалитет на живеење и остварување на загарантираните права на децата/лицата со попреченост и нивните семејства во општина Гостивар.


Страните ќе се заложат за целосно спроведување на процесите и подобрување на услугите, што генерално ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живеење на оваа група граѓани.