Јавна дебата за Етика и Интегритет на изборен процес за лицата со попреченост

На 24 февруари 2022 година, со почеток од 12:00 часот во Хотел Бест Вестерн- Турист, Скопје, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВA, реализираше јавна дебата, на која беа презентирани наоди од анализата на тема: Етика  И Интегритет на изборен процес за лицата со попреченост која е, изработена од Институт за Човекови Права. Обраќања имаа:  Благица Димитровска,  здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВA, Јоана Козма, Директорка на Меѓународна фондација за изборни системи (IFES MK.)  и претставници од Институт за Човекови Права. 

Низ дијалог и дискусија помеѓу присатни, релевантните чинители -пратеници, претставници од политички партии, канцеларија на Народен Правобранител, Комисија за спречување и заштита од дискриминација, претставници од општини, Сојузи и зруженија кои ги застапуваат лицата со попреченост и голем број на лица со попреченост, се доби реалната слика за правото на учество на лицата со попреченост во политичкиот живот.

Заклучоци од овој настан се дека:

Демократски изборен процес кој ги задоволува критериумите на етичност и интегритет е процес во кој е обезбедено, лицата со попреченост непречено да учествуваат во организирање на изборен процес, да избираат, да се кандидираат, да набљудуваат и да бидат избрани.

Потребни се подобри политики и практики за поголема вклученост на лицата со попреченост во политичкиот живот, односно воведување на позитивни афирмативни мерки.

Квоти на застапеноста на лицата со попреченост во сите структури на изборните органи, но и на листите за кандидати за пратеници и советници.