Обука за медиумска писменост

Претставници На Инклузива како дел од 8 граѓански организации учествуваа на првата
обука за медиумска писменост. Учесниците се запознаа со основните концепти за
деконструкција на медиумски содржини, комуникација со граѓани преку развивање
пораки и употреба на различни комуникациски алатки..

Обука за стратегија за дигитални комуникации-Февруари 2017
Претставници на Инклузива заедно со уште 7 граѓански организации кои се дел од
Коалицијата за медиумска писменост учеа како се прави стратегија за комуникација со
јавноста, но пред се преку употреба на новите медиуми и социјалните мрежи.
Предавачи на обуката беа Дарко Булдиоски и Даша Илиќ од Media Diversity Institut.

Обука за медиумска писменост за новинари 30 и 31 март 2017
Медиумите имаат обврска да ја едуцираат јавноста за својата професија и тоа може
да го сторат единствено ако ги почитуваат новинарските стандарди. Ова меѓу другото
беше главната поента на дводневната обука за медиумска писменост „Медиумите како
чувари на јавниот интерес“, на која учествуваа новинари и главни уредници од
редакциите кои се членови во Коалицијата за медиумска писменост. На обуката
учествуваа двајца претставници од Тв Плус како партнери на Инклузива . Предавачи
беа Том Лоу од Мрежата за етика во новинарството од Лондон, В. Британија и
Александра Теменугова од Високата школа.

Обука за медиуми за дигитални комуникации 27 и 28 април 2017
Веб-администраторите и лицата одговорни за социјалните мрежи на Тв Плус и
другите медиуми-партнери практикуваа нови, креативни начини за онлајн
пренесување на информативните содржини. Учесниците работеа на оптимизација на
пребарувачи и социјални мрежи, онлајн адаптација на содржини од традиционалните
медиуми, употреба на маркетиншки алатки, верификација на вести и извори, онлајн
комуникација со публика и сл.Предавачи беа Даница Даша Илиќ од ИРМ од Лондон и
Дарко Булдиоски од NewMedia.mk од Скопје

Завршна работилница на Коалицијата за медиумска писменост
Инклузива и Тв Плус како дел од 40-тина учесници заедно со своите ментори од
Високата школа ги развиваа комукациските планови и стратегии за дигитални
комуникации за сите осум иницијативи на граѓанскиот сектор преку кои ќе се
унапредува медиумската писменост. Обуката се одржа во Битола од 19-21 мај и е
последна од вкупно петте обуки на кои учествуваа претставниците на граѓанските
организации и на медиумите. Од јуни до јануари 2018-та, членовите на Коалицијата ќе почнат со реализација на нивните иницијативи.Овие активности се во рамки на проектот „Медиумска писменост во ера нанаплив на информации: Коалиција за медиумска и информациска писменост“,

што го финансира Европската Унија.