Обука за истражување и пишување на документи за јавни политики

Обуки во рамки на проектот- Граѓаните во собранието

Во мај и јуни 2016 претставници на Инклузива заедно со другите организации учествуваа на две обуки, првата обука се реализираше во текот на месец мај и беше фокусирана на методите на истражување, додека втората обука беше спроведена во јуни за пишување на документи за јавни политики.

На дводневните обуки учесниците се запознаа со методите во истражувањето за застапување кои им се неопходни за подготовката на документите за јавни политики, како и основните принципи за аналитичко и аргументирано пишување со цел подобро да ги образложат причините за предложените законски измени.

На обуките учесниците ги подготвија првичните планови за истражување, а во текот на летото под менторство на обучувачите, Инклузива го реализира истражувањето и го финализира документот за јавна политика.

претставници на Инклузива заедно со другите организации учествуваа на две обуки, првата обука се реализираше во текот на месец мај и беше фокусирана на методите на истражување, додека втората обука беше спроведена во јуни за пишување на документи за јавни политики.