Здружение Инклузива потпиша меморандум за соработка со општина Гостивар

На 04 април 2022 година, во општина Гостивар, здружението Инклузива потпиша Меморандум за соработка со Градоначалникот Арбен Таравари.

По завршување на официјалниот состанок, за работата на нашето здружение и целта на потпишување на Мемеорандумот, се реализираше работен состанок, со претставници од локална самоуправа, образовни, социјални и други институции, НВО кои работат на полето на попреченоста и медиумите.  Меморандумот го одразува процесот на преземање заеднички активности за унапредување, промовирање и развој на инклузивна заедница, подобар квалитет на живеење и остварување на загарантираните права на децата/лицата со попреченост и нивните семејства во општина Гостивар.

Страните ќе се заложат за целосно спроведување на процесите и подобрување на услугите, што генерално ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живеење на оваа група граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.

The reCAPTCHA verification period has expired. Please reload the page.